Оваа статија се однесува на трахеите како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеи како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете трахеи
Трахеите се цевчести органи за дишење кај копнените членконоги. Тие служат за транспорт на метаболитичките гасови од и до ткивата на животното. Бројот на отвори со кои трахеите се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте редови на инсекти, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Трахеите се всушност вдлабнувања на кутикуларниот егзоскелет кои се разгрануваат низ телото на животното, со дијаметар од неколку микрометри до 0,8 mm. Најмалите трахеи се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во клетките од ткивата и служат како места за дифузија на вода, кислород и јаглерод диоксид. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно издишување (вентилација) или преку пасивна дифузија.
Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни ‘рскавични прстени наречени тенидии, кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или хеликси).
Исто така, во главата, градниот кош или во стомачната празнина, трахеите може да се поврзани со воздушни ќесиња. Многу инсекти, како скакулците, можат да ја контролираат циркулацијата на воздухот низ нив.
Luftröhre | Trachea | Tráquea | Traĥeo | Trachée | קנה הנשימה | Trachėja | Luchtpijp | 気管 | Tchawica | Traqueia | Трахея | Душник