article

Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење.

Селски населби во Македонија


Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1,645 села.

Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:

  • Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
  • Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
  • Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
  • Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите карактеристики на селото.

Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.

  • Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
  • Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
  • Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).

Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.

Географија

قرية | Село | গ্রাম | Vesnice | Landsby | Dorf | Vilaĝo | روستا | Village | Doarp | Desa | כפר | Község | Dorp | | Tettsted | Tettstad | Wieś | Vila | Sat | Kylä | By | Làng |

 

This article is licensed under the GNU Free Documentation License. It uses material from the "Село".

Home Pageartsbusinesscomputersgameshealthhospitalshomekids & teensnewsphysiciansrecreationreferenceregionalscienceshoppingsocietysportsworld