Сврзното ткиво е животинско ткиво чијашто основна улога е потпора и заштита на органите. Тоа исто така ги поврзува останатите клетки и ткива во организмот.
Сврзното ткиво е составено од три компоненти:
Основната супстанција функционира како молекуларно сито кое ја олеснува дифузијата на метаболитите помеѓу крвта и самото сврзно ткиво, а истовремено претставува и физичка бариера за продор на големи честички, како бактерии или други микроорганизми.
Сврзните влакна имаат потпорна улога, односно обезбедуваат потпора на сврзното ткиво. Тие формираат густи потпорни мрежи во кожата, стромата на паренхимските органи, ги прикрепуваат индивидуалните клетки во ткивото, мускулните клетки итн. Се разликуваат три типови на сврзни влакна:
Сврзните клетки можат да бидат постојано присутни во сврзното ткиво (перманентни), или, пак, слободни, привремено лоцирани во сврзното ткиво. Имаат релативна бројна застапеност и нивното присуство е варијабилно, во зависност од густината на фибриларната компонента на сврзното ткиво, локацијата, како и нивната функционална состојба. Тука спаѓаат: фибробласти, мезенхимални клетки, фиксирани макрофаги или хистоцити. Од привремените клетки се среќаваат: неутрофили, еозинофили, моноцити и лимфоцити кои доаѓаат од крвта и формираат т.н. емигрантска популација. Овие клетки учествуваат во имуниот одговор и воспалителните реакции. Фибробластите ги произведуваат колагените влакна, а мастоцитите се специјализирани за синтеза и складирање на липиди.
Класификацијата на различни типови на сврзни ткива не е така јасна и остро разграничена. Се разликуваат неколку типови сврзни ткива, кои понатамошно можат исто така да се поделат:
Bindegewebe | Connective tissue | Tejido conectivo | Tecido_conjuntivo | Tissu conjonctif | Bindweefsel | Tkanka łączna | Tukikudos | Bindväv | 結締組織 | Pojivová tkáň | везивно ткиво
This article is licensed under the GNU Free Documentation License.
It uses material from the
"Сврзно ткиво".
Home Page • arts • business • computers • games • health • hospitals • home • kids & teens • news • physicians • recreation• reference • regional • science • shopping • society • sports • world