Рибозомите се ситни, субмикроскопски органели во облик на зрна, што можат да се набљудуваат само со електронски микроскоп. Тоа се универзални органели за сите живи клетки. Се создаваат во јадренцето и по нивното создавање преминуваат во цитоплазмата, каде или остануваат во неа, или се прикрепуваат за ендоплазматичниот ретикулум. Други пак се наоѓаат во некои органели, како во хлоропластите и митохондриите. Бројот на рибозоми во клетката е различен и се движи до неколку илјади.
Рибозомите се надмолекулски комплекси, односно изградени се од протеини и рибозомска РНК. Секој рибозом се состои од две морфолошки субединици, кои се разликуваат по големина и тежина, наречени голема и мала субединица.
Според седиментационата константа се разликуваат два типа на рибозоми: прокариотски (или бактериски) со 70 S и еукариотски со 80 S.
Рибозомите се органели во кои се остварува синтезата на протеините, со учество на нуклеинските киселини рибозомска РНК и транспортна РНК. Нивната улога во синтезата на протеините се остварува само ако се поврзани со информационата РНК, и во тој случај се создаваат структури, наречени полизоми (или полирибозоми).
Клетка | Молекуларна биологија
Рибозома | Ribosoma | Ribozom | Ribosom | Ribosom | Ribosom | Ribosome | Ribosomo | Ribosoma | ریبوزوم | Ribosomi | Ribosome | ריבוזום | Ribosom | Ribosoma | リボソーム | 리보솜 | Ribosoma | Ribosom | Ribosoma | Ribosoom | Ribosom | Rybosom | Ribossomo | Рибосома | Ribosome | Ribosom | Рибозом | Ribosom | Ribozom | Рибосома | Ribosome | 核糖体