article

Prilep_coat_mk.jpg
Грбот на Прилеп

Прилеп (други форми: Parleap, Pirlepe и Perlepe) е град од 73 925 жители, покрива 1 675 квадратни километри во северниот дел на Пелагонија во јужниот дел на Република Македонија. Прилеп е дел од Општина Прилеп и до него се стасува преку М5/Е65. Се наоѓа на само 128 km (воздушна линија) од главниот град Скопје и на 32 km од Крушево. Прилеп е познат како “градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван како Крале Марко).

Население


Според етничкиот состав, мнозинството жители на Прилеп се Македонци (64 527 жители), а малцинствата се состои од Роми (4 421), Срби (315), Турци (254) и Албанци (29).

Потекло на името Прилеп


Според Марко Цепенков до престолнината на Крали Марко Варош почнале доселуваат луѓе и да градат куќи кои биле прилепени до ѕидините на Варош. Новиот град изгледал како ПРИЛЕПен на Варош па оттаму го добил името Прилеп.

Населби во Прилеп


Стопанство


Prilep1.jpg Прилеп е центар на производство на високо квалитетен тутун и цигари, метало преработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехрамбена и мермерна индустрија (рудникот “Сивец“). Тутунот е еден од Прилепските традиционални култури што успева во Македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат Прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за Тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот. Повеќето жители на Прилеп опстојуваат со производство на тутун, кој потоа се откупува од Тутунскиот Комбинат во Прилеп.

Културата во Прилеп


Asterisks.png

Уметност и архитектура


Prilep.jpg Постојат неколку антички знамениторсти во Прилеп вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата “Св.Никола“ од XIII век, црквата “Св. Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св. Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.

Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

Надворешни линкови


Македонија | Македонски градови

Прилеп (град) | Prilep | Prilep | Prilep | Prilep | Prilepas | Prilep | Прилеп | Prilep

 

This article is licensed under the GNU Free Documentation License. It uses material from the "Прилеп".

Home Pageartsbusinesscomputersgameshealthhospitalshomekids & teensnewsphysiciansrecreationreferenceregionalscienceshoppingsocietysportsworld