Фахверк (Германски: Fachwerk) или полудрвена градба е начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелт-от како Канада, ЈАР, Австралија, Нов Зеланд и други.
Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во локалитети каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.
Римски дрвенарии пронајдени во аноксидни глинени пластови во римско-британските археолошки наоѓалишта укажуваат на тоа дека софистицираното римско дрводелство ги имало сите потребни техники за ваква изградба. Најраните постоечки (француски) полудрвени градби датираат од 12-тиот век.
Во велд-от во Кент и Сасекс, полудрвената велденската куќа, имала отворена хала со отвори на секоја страна и надвиснувачки горни катови.
Со колонистите, полудрвената градба влегла и во Северна Америка во раниот 17-ти век, но наскоро била напуштена и користена само во Нова Англија и средноатлантските колонии и била заменета со фасадни штици (уште една традиција во Источна Англиа).
Deutsche Fachwerkstraße или „патот кој ги поврзува германските средновековни полудрвени куќи“ се протега од Долна Саксонија на север, виа Хесен и јужна Турингија до Баварија. По тој пат можат да се видат високоживописни полудрвени („фахверк“) куќи.
Кога по 1860 година полудрвената градба повторно добила на популарност, во разните возобновувачки стилови како „Стилот на кралицата Ана“ кај куќите на архитектот Ричард Норман Шо и други, ваквата градба имала за цел да евоцира „тудорска“ атмосфера (видете Тудорбетански), иако во тудорско време ваквите куќи почнале да изгледаат многу селски и сé почесто се користеле само на село. Во 1912 год, Ален В. Џексон ја издал книгата Полудрвената куќа: Генеза, дизајн, современ план и изградба, и како резултат на тоа се појавиле многу полудрвени куќи во Род Ајленд или по улиците со палми во Беверли Хилс. Во 1920-тите години заради слабо рекламирање, популарноста на овој стил прилично се намалила.
Треба да се знае дека во стиловите на возобновата како тудорбетанскиот стил, полудрвениот изглед се должи на надворешна декорација, а не на внатрешната конструкција како кај вистинските полудрвени градби.
Fachwerk | kradtraba skeleto | מסבך | vakwerk | Ферма (конструкция)
This article is licensed under the GNU Free Documentation License.
It uses material from the
"Полудрвена градба".
Home Page • arts • business • computers • games • health • hospitals • home • kids & teens • news • physicians • recreation• reference • regional • science • shopping • society • sports • world