article

Македонците се народ најброен во Република Македонија кој што живее и во поширокиот регион Македонија. Тие го зборуваат македонскиот јазик.

Етногенезата на македонскиот народ


Македонците се автохтоно население кое и покрај етногенетскиот процес на мешање со други народи, сепак има задржано многу црти од своите антички предци. Според некои македонски историчари, особено од Драган Ташковски, се искажува тврдењето дека денешниот македонски народ е создаден преку етногенетски процес на мешање меѓу македонските словенски племиња и античките Македонци кој траел доста долго, а започнал со доаѓањето на Словените на Балканот во V и VI век. Ова тврдење е докажано и со низа антрополошки и генетски истражувања кои сведочат за автохтоноста на Македонците *. Некои историчари сметаат дека сомнително е и самото тврдење дека Македонците се словенски народ, бидејќи, како што велат тие, за тоа нема археолошки докази.

Долго време поради стегите и пропагандите на црквите и тогашните царства кои биле водени од Грци, Бугари и Срби, Македонците долго време не биле со своја национална свест. Па затоа многу Македонци поради силната пропаганда се декларирале за Бугари или Срби. Меѓутоа во тек на XIX и XX век, започнала Македонската национална преродба која резултирала со создавање Македонска држава по Втората светска војна.

Бугарите и Грците тврдат дека мешање меѓу македонските словенски племиња и античките Македонци не постоело, бидејќи античките Македонци биле комплетно хеленизирани и веќе отселени во поголемите градови на Византија до доаѓањето на Словените на Балканот во 6 век. Тие ја поткрепуваат тезата вклучително со аргументи од делата на некои македонски научници (Иван Микулчиќ).

Според поголем број странски автори, со доаѓањето на Словените настанал драматичен пресврт во етничкиот состав на Македонија, како и на Балканот, воопшто. Постојат извори кои укажуваат дека некои словенски племиња продреле на југ дури до Пелопонез.

Број на Македонците во Македонија и светот


Според некои извори се смета дека севкупниот број на Македонци во светот е околу 3 500 000 до 4 000 000. Оваа бројка (3 500 000 до 4 000 000 Македонци) може да се најде во учебникот за географија за 2 година реформирано гимназиско образование, од авторите Д.Василески, Б.Маркоски, Н.Панов, Н.В. Димитров и Ѓ.Павловски, издаден во 2002 година од Просветно дело, како и во “Македонците во светот и Македонската дијаспора“ од Славе Николовски-Катин издадена од Матица Македонска во 2003 година, а и во неколку броеви на неделникот Македонско Сонце и изданието “Македонија 1903-1944-1991“ издадено во многу мал тираж во 1995 година.

Бројот на Македонците во Македонија

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%). Меѓутоа, во некои кругови постои резервираност спрема во оваа бројка, при што се истакнува податокот дека бројот на Македонци во пописните години 1991 и 1994 бил 1 328 187 односно 1 378 687 такашто нереално е нивниот број за само 8 години да опадне за околу 100 000 луѓе. Причините за ова тие го бараат во попишувањето на Македонците-Муслимани како Албанци. Здружението на Македонци со исламска вероисповест официјално протестираше поради ова, бидејќи според нив, при попишувањето на населението, Македонците-муслимани биле попишани како Албанци, против нивната волја.

Меѓутоа вистинскиот број на Македонци во Република Македонија е 1 401 897 - под овој број се сметаат сите Македонци по народност (националност) без разлика на вероисповест. (овој број се добива ако се види процентот на Албанците и Турците попишани со мајчин јазик Македонски во неколку општини населени претежно со Македонци муслимани).

Бројот на Македонците во странство

За вистинскиот број на Македонци во странство (не вклучувајќи ги соседните држави), се шпекулира од 550 000 до 1 000 000 луѓе, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија па дури и во Аргентина и Јужно Африканска Република .

Етнички територии и Македонци по потекло

Во соседните земји односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа (етнички територии на Македонија) и во Србија живеат околу 600 000 Македонци по потекло, иако дел од тие се го загубиле националното чувство поради многу силните репресии и пропаганди од страна на државите во кои живеат (Бугарија, Грција, Албанија) и во различни пописи и документи декларираат друга национална припадност додека ги чуваат Македонските традиции, јазик и родови врски. Некои извори македонски и бугарски * дават број на Македонците по потекло во Бугарија меѓу 1 000 000 и 3 000 000 луѓе. Вака целосниот број на Македонците по потекло во соседните земји може да се зголеми до 3 400 000 луѓе. (Види Македонците во Бугарија)

Јавно мислење за Македонците во странство


Јавното мислење во Република Македонија смета дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници бидејќи постои опасност за изумирање на македонскиот јазик и народност воопшто во тие краишта, а соседните држави треба да престанат со националистичката политика и да ги почитуваат човековите и малцинските права на Македонците.

Видете исто така


Фусноти


Надворешни врски


Македонци

Македонци | Slawische Mazedonier | Macedonians (ethnic group) | Makedonci | Slavų makedonai | Macedończycy | Macedônios | Македонцы | Makedonci | Sllavo-Maqedonët | Македонци

 

This article is licensed under the GNU Free Documentation License. It uses material from the "Македонци".

Home Pageartsbusinesscomputersgameshealthhospitalshomekids & teensnewsphysiciansrecreationreferenceregionalscienceshoppingsocietysportsworld