Клетката (латински: cellula) е основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).
а процентната застапеност на некои од нив во клетките од човековиот организам е следнава:
| Елемент | Процент (%) | Елемент | Процент (%) | Елемент | Процент (%) |
|---|---|---|---|---|---|
| Водород | 9, 5 | Сулфур | 0, 3 | Железо | Во траги |
| Јаглерод | 18, 5 | Калциум | 1, 5 | Натриум | 0, 2 |
| Азот | 3, 3 | Магнезиум | 0, 1 | Калиум | 0, 4 |
| Кислород | 65, 0 | Манган | Во траги | Јод | Во траги |
| Фосфор | 1, 0 | Цинк | Во траги | Хлор | 0, 2 |
Биолошкото значење на овие хемиски елементи е големо, независно од нивната процентна застапеност. Недостигот на кој и да е елемент предизвикува нарушување во нормалното функционирање на клетките и на организмот. Во составот на клетките, хемиските елементи се јавуваат во форма на соединенија - органски и неоргански.
Од неорганските соединенија најзастапена е водата, која е неопходна за животот. Таа во просек, во клетките е застапена со околу 80%, но некои клетки содржат повеќе (ембрионални клетки до 95%), а некои помалку (остеоцитите до 20%) вода. Водата за клетката е значајна од неколку причини:
Други неоргански соединенија во клетката се минералните соли. Тие најчесто се јавуваат растворени, дисоцирани на јони, и тоа:
| катјони | Анјони |
|---|---|
| Na+ (Натриум) | Cl- (хлорид) |
| K+ (Калиум) | SO2-4 (сулфат) |
| Ca 2+ (Калциум) | HCO-3 |
| Mg2+ (Магнезиум) | PO3-4 (фосфат) |
Јоните имаат важни функции во клетката. Тие учествуваат во одржувањето на осмотската хомеостаза меѓу клетката и нејзината околина, одговорни се за ацидобазичната хомеостаза на клетката, а исто така ја регулираат и активноста на некои ензими.
Во клетките се јавуваат четири типа органски соединенија: јаглехидрати, липиди, протеини и нуклеински киселини.
Клетките се делат според најразлични критериуми, но основната поделба е на прокариотски и еукариотски клетки. Според местоположбата и функцијата во организмот, има епителна, нервна, мускулна, полова клетка (јајце клетка и сперматозоид) итн. Клетка
خلية | Клетка | Cèl·lula | Cell | Celle (biologi) | Zelle (Biologie) | Κύτταρο | Cell (biology) | Biologia ĉelo | Célula | یاخته | Solu | Cellule (biologie) | תא | Stanica | Sejt | Sel (Biologi) | Celulo | Fruma | Cellula | 細胞 | 세포 | Şane | Cellula | Ląstelė | Sel | Cel (biologie) | Celle | Celle | Komórka organizmów żywych | Célula | Клетка | Cell | Bunka (biológia) | Celica | Ћелија (биологија) | Sél (biologi) | Cell | கலம் | เซลล์ (ชีววิทยา) | Hücre | خلیہ | Tế bào | 细胞