Забите (
латински:
dentes) се цврсти
органи, сместени во забни јамички (
алвеоли) на горната и долната
вилица од
устата. Тоа се структури кои се наоѓаат во
вилиците на многу 'рбетници. Во
дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на
храната, а кај некои животни, особено кај
месојадните животни, се користат како оружје.
Палеонтолозите ги користат забите на цицачите да ги идентификуваат фосилните видови, и често, нивните односи. Обликот на забите е поврзан со исхраната на животното, како и со неговото еволутивно потекло. На пример, растителните материи се тешки за варење, така што тревопасците имаат повеќе катници за џвакање. На месојадците им се потребни секачи за да убиваат и да раскинуваат, и бидејќи месото е лесно за варење, тие може да голтаат без да имаат потреба од катници за разџвакување на храната.
Типови на забни ткива
Кај луѓето
- Глеѓ (емајл) е цврст надворешен слој кој се состои од калциум и фосфат.
- Дентин е внатрешниот слој, главнината на забот.
- Пулпа е јадрото, кое содржи нерви и крвни садови.
- Цемент е тенкиот слој околу коренот; коска|коскен материјал што ги поврзува забите со вилицата.
Се разликуваат две генерации на заби:
млечни и
трајни. Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот. Постојаните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата. Врз основа на функцијата што ја имаат во дигестијата, поделени се на: секачи (4), песјаци (2), преткатници (4) и катници (6).
Додека луѓето имаат две генерации на заби, некои животни имаат многу повеќе: на ајкулите им расте нова генерација на заби секои две недели. На некои други животни им расте само една генерација заби. Забите на глодарите растат и се трошат постојано преку глодањето на животнотот, одржувајќи постојана должина.
Делови на забот
Забите се состојат од три дела:
- Коронка (круна) - надворешниот, видлив дел од забот
- Корен - делот од забот кој е всаден во виличните коски
- Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот на забот
Иако на прв поглед забите изгледаат компактни, тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната отпорност и цврстина.
Внатрешност на забот
Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот е неправилно познато како „нерв“ на забот) во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбрамбени клетки и сврзно ткиво. Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервнте садови ја исполнуваат пупината комора која преку коренските канали е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените. Пулпината комора надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.
Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот, но само додека е здрава и пулпата, која го исхранува овој слој.
Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто ткиво кое го штити коренот на забот и заедно со другите ткива од периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата
Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл (
глеѓ) - кристална супстанција со најголема отпорност во човековото тело, која служи за спречување на кариес. Емајлот се создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна - во текот на животот не може повторно да се создаде. Затоа е значајно да се посвети внимание на правилната исхраната на жените во периодот на бременоста и на децата пред никнувањето на трајните заби.
Здравите заби најчесто потемнуваат како што човекот созрева, пулпата во рамките на забот се стеснува и на нејзино место доаѓа дентин.
Дигестивен систем | Стоматологија
Zub | Tand | Zahn | Tooth | Dento | Diente | Hammas | Dent | שן | Gigi | Tönn | Dente (anatomia) | 歯 | 이 (몸) | Dantis | Tlantli | Diente | Tand | Tann | Ząb (stomatologia) | Dente | Зуб | Tooth | Zub | Zob | Tänder | Зуби | 牙齒 | Chhùi-khí