Вардар е најголемата река во Република Македонија и македонскиот регион во југоисточна Европа. Таа е 388 км долга и покрива површина од приближно 25,000 km².
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде има неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и минува низ Скопје. Преку Таорската Клисура навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат Кадина Река, Тополка и Бабуна. Пототоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од лева и Брегалница од десна страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница и се влева во Егејското море во Централна Македонија западно од Солун во северна Грција.
Површина на речен слив: 20 535 km²
Среден пад: 2,1%
Среден проток: 174 m³/sec
80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името "Вардарска бановина" во времето на Кралство Југославија.
Вардар | Vardar | Vardar | Vardar | Vardar | Vardaras | Axios | Vardar | Wardar | Vardar | Вардар | Vardar | Vardar