article

Битола

-

-
(Новиот грб на Битола) (Стариот грб на Битола)
Bitolalokacija.gif
Општина Битола

- bgcolor="#FFFFFF" Општина: Град Битола
- bgcolor="#FFFFFF" Површина: 320 km²
- bgcolor="#FFFFFF" Надморска височина: 576 m
- bgcolor="#FFFFFF" Население: 86,176 попис 1994
- bgcolor="#FFFFFF" Густина на население: 1280 лица/km²
- bgcolor="#FFFFFF" Поштенски код: 7000
- bgcolor="#FFFFFF" Повикувачки број: 047
- bgcolor="#FFFFFF" Општински код: БТ
- bgcolor="#FFFFFF" Мото на градот: "Битола, бабам Битола"
- bgcolor="#FFFFFF" Латитуда: 41° 01' 52'' N
- bgcolor="#FFFFFF" Лонгитуда: 21° 20' 25'' E
- bgcolor="#FFFFFF" Градоначалник: Владимир Талевски
- bgcolor="#FFFFFF"

Битола се наоѓа во крајниот југозападен дел на Македонија во подножјето на планината Баба, во центарот на најпространата македонска котлина Пелагонија, на 15 километри северно од грчката граница и на 576 метри надморска височина. Со население од 86,176 жители (1994) тој е трет град по број на население во Македонија, додека пак е втор по површина.

Население


Битола (бугарски Битоля, грчки Μοναστήρι, српски Битољ) според пописот од 1994 година има 86,176 жители според што е втор најголем град во Македонија а општина Битола е трета најголема општина во Македонија. Етничкиот состав на градот останува воглавно непроменет со текот на годините. Најголемиот број од населението во градот го сочинуваат Македонци (во градот 93,05%, а во Општина Битола 88,47%), а исто така во поголем број е застапена ромската, турската и албанската популација. Во помал број се среќаваат Власи и Срби. Во Битола уште се среќаваат и странски дипломати од Русија, Франција, Велика Британија, Турција и Словенија со што со мал процент и тие се застапени во бројот на населението. Ретко се среќаваат привремени граѓани на Битола кои се дојдени на хуманитарни мисии од Шведска, Норвешка, Финска, САД и други држави. Битола официјално го доби својот нов грб на 21 март, 2006 година.

Инфраструктура


Религија

Битола е епископски град и седиште на Преспанско-пелагониската епархија. По Втората светска војна Епархијата го доби името Охридско-битолска, со поширока диецеза. Со обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква (1967), го доби сегашното име Преспанско-пелагониска епархија и го опфаќа регионот на градовите: Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.

Првиот митрополит на Епархијата (1958-1979) беше блаженопочинатиот Климент. Вториот митрополит и сегашен администратор на Епархијата, надлежен како архиереј од 1981 година е Господинот Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија има околу 500 цркви и манастири. Последните десет години во Епархијата се изградени или се во изградба околу 40 цркви и 140 црковни објекти. Епархијата има два црковни музеи – во Соборниот храм “Св. Великомаченик Димитриј” во Битола и во храмот “Св. Јован” во Крушево, како и постојана поставка на икони и библиотека во зградата на Митрополијата. Митрополијата е изградена 1901/1902 год. и е еден од најубавите примери на необарокната архитектура. Покрај доминантната Македонска православна црква, во Битола делуваат и други верски заедници како Исламската верска заедница, Католичка црква Римо-католичката црква и др.

Туристички атракции


Хераклеа Линкестис (Heraclea Lyncestis)
Во близина на градот Битола, во подножјето на Баба планина, се наоѓа антички град, што датира од средината на 4. век пред нашата ера - Хераклеа Линкестис (Heraclea Lyncestis). Основан од македонскиот крал Филип II Македонски, градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).

Градот бил граден, доградуван, рушен и одново граден и надградуван и уште од неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа хеленистичката епоха, римска, па се до рановизантиската епоха имал статус на град со висок степен на цивилизација.

Во периодот на 2 век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско-политички центар (Septina Aurelia Heraclea) со свој постојан римски намесник и со своја римска војска.

Korzoto.JPG | Siroksokak.jpg

Широк Сокак

Широк сокак е најфрекфентната улица во Битола. Официјалното име е улица „Маршал Тито“, но е позната и како битолското корзо. Најпрво таа била наменета за автомобили, меѓутоа денес таа е исклучиво пешачка улица и вистинско срце на градот. На Широк Сокак се лоцирани сите поголеми продавници во Битола. На Широк Сокак се среќаваат и едни од најстарите градби на Балканот, кои го красат градот уште од турското време на градот.

Образование


Во Битола постојат повеке основни и средни училиста. Повеќето од тие училишта се наоѓаат во градот, но има и такви кои што се наоѓаат во околните села. Во Битола исто така има и неколку факултети во рамките на универзитетот Св. Климент Охридски.

Основни училишта во градот:

  • „Гоце Делчев“
  • „Даме Груев“
  • „Др. Трифун Пановски“
  • „Ѓорѓи Сугарев“
  • „Елпида Караманди“
  • „Коле Канински“
  • „Тодор Ангелевски“
  • „Св. Кирил и Методиј“
  • „Св. Климент Охридски“
  • „Стеван Наумов“

како и во околните села:

Средни училишта во градот:

  • „Јосип Броз - Тито“ - гимназија
  • „Таки Даскало“ - гимназија
  • „Јован Калаузи“ - медицинско училиште
  • „Јане Сандански“ - економско училиште
  • „Кузман Шапкарев“ - земјоделско училиште
  • „Ѓорѓи Наумов“ - електро-машинско училиште
  • „Средно музичко училиште на град Битола“ - музичко училиште

Универзитети во градот:

Населби и маала во Битола


Надворешни врски


Македонски градови | Битола

Битоля | Bitola | Bitola | Μοναστήρι (ΠΓΔΜ) | Bitola | Bitola | بیتولا | Bitola | Bitola | Bitola | Bitola | Bitola | Bitola | Bitola | Manastiri | Битољ | Bitola | Manastır

 

This article is licensed under the GNU Free Documentation License. It uses material from the "Битола".

Home Pageartsbusinesscomputersgameshealthhospitalshomekids & teensnewsphysiciansrecreationreferenceregionalscienceshoppingsocietysportsworld