Старогрчкиот поим аристократија значи "власт на најдобрите" и е кованка од зборовите "аристо" (најдобар) и "кратија" (владеење). Бидејќи секој има различна дефиниција за поимот "најдобар", особено во контекст на власта, терминот е прилично негоден за употреба. Историски, аристократиите најчесто се наследни плутократии (видете подолу), каде што чувството на историски gravitas и ноблес оближе ги приморува членовите на таквата класа на високопринципијални дела.
Други системи на управа:
Терминот,,Аристократија" првобитно се употребувал за младите атински челници кои воделе војски од првите редови со мечот вперен угоре . Одтогаш во Стара Грција воената храброст почнала да се смета за голема доблест и поимот,,најдобри" станал вообичаениот епитет кога станувало збор за таквата класа. Од старите грци, поимот продолжил да се користи во средновековна Европа за слична таква класа на наследни војскководци, наречени,,благородници". Во Античка Грција оваа била робовладетелска класа чија воена улога им дала за право да се сметаат за,,најблагородни" или,,најдобри". Најголемата разлика меѓу нив е во тоа што средовековнато благородништво се потпирало на црквата за поддршка на нивните ставови дека се,,најдобри" во своето општество.
Една од главните каузи на Француската револуција била идејата дека традиционалната аристократија повеќе не ги представувала,,најдобрите" од општеството. Со модернизацијата на војската од страна на кралот Луј XIV, војсководците престанале лично да ги водат војските во поход, туку почнале да ги командуваат битките од безбедно растојание. Така, народот повеќе не сакал да ги признае традиционалните права на аристократите доколку тие не си ги заработиле на традиционален начин. Француската револуција била главно против аристократите кои ја добиле титулата наследно, а не против оние кои ја добиле по заслуга. Таквиот незаработен статус представувал голема навреда за буржоазијата и новите либерални норми. Така, терминот,,аристократија" почнал да се користи за оние кои барат право на незаработени привилегии и луксуз само заради нивното потекло, а не за оние кои го сметале служењето на татковината како наследно право. Во Обединетото Кралство и други европски држави во кои наследни титули сеуште се признаени, поимот "аристократ" сеуште се однесува на потомците на одприлика 7,000 семејства со наследни титули, од кои големиот дел се значително богати, иако тоа немора да значи.
Aristokrati | Aristokratie | Aristocracy | Aristocracia | Aristocratie | Aristocracia | אריסטוקרטיה | Aristokracija | Arisztokrácia | Aristokrasi | Aristocrazia | 貴族制 | Aristokratija | Aristocratie | Aristokrati | Arystokracja | Aristocracia | Aristocraţie | Аристократия | Aristokracija | Аристократија | Aristokrati | Aristokrasi | Аристократія
This article is licensed under the GNU Free Documentation License.
It uses material from the
"Аристократија".
Home Page • arts • business • computers • games • health • hospitals • home • kids & teens • news • physicians • recreation• reference • regional • science • shopping • society • sports • world